Loading Video...
Свет
14. November 2022 - 20:11

Лидерите на двете суперсили, САД и Кина денеска се сретнаа на индонезискиот остров Бали

Лидерите на двете суперсили, САД и Кина денеска се сретнаа на индонезискиот остров Бали, во период кога односите помеѓу двете земји се на најниско ниво во последните децении. Ова е прва средба на претседателите Џо Бајден и Си Џинпинг, а доаѓа во пресрет на Самитот Ге-20.

Моменталните односи меѓу САД и Кина се тензични поради Тајван, поддршката за Украина, човековите права и економските практики.

Украинскиот претседател Зеленски го посети ослободениот град Херсон, од каде ги обвини руските сили дека извршиле воени злосторства пред да се повлечат минатата недела.

Зеленски им се заблагодари на НАТО и другите сојузници за нивната постојана поддршка во војната против Русија и рече дека испораката на модерните ракетни системи ХИМАРС од САД направило голема разлика за Киев.

Воената способност на Русија не треба да се потцени, а на Украина и претстојат тешки месеци, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Шефот на Алијансата нагласи дека руските сили „задржувале значителни капацитети, како и голем број војници“. Ја пофали и храброста на украинските сили, воедно барајќи континуирана меѓународна поддршка за Киев.