Македонија
3. September 2020 - 15:38

Лице пронашло бомба од Првата светска војна во својот двор

На 02.09.2020 во 09.20 часот во Полициското одделение Новаци, Р.А.(47) од с.Арматуш пријавил дека во дворно место во с.Арматуш пронашол бомба од Првата светска војна . Бомбата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.