Лицата со посебни потреби добија справи и реквизити за вежбање
Лицата со посебни потреби добија можност да се рекреираат и да вежбаат на справи и реквизити на бесплатни часови, под стручен надзор, во средните училишта на Град Скопје „Михајло Пупин“ и „Здравко Цветковски“.
Од Град Скопје соопштија дека првпат годинава успеале да набават реквизити и справи за лица со посебни потреби коишто се инсталирани во салите на две средни училишта на Град Скопје „Михајло Пупин“ и „Здравко Цветковски“, каде што два дена во неделата лицата со посебни потреби ќе можат да доаѓаат и да се рекреираат и да се дружат.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски рече дека за набавка на справите издвоиле 1,5 милиони денари.
- Обезбедивме и инструктори, односно овие часови ќе се одвиваат под стручен надзор на стручни лица коишто ги плаќаме околу 300.000 денари. Исто така, има лица од Црвен крст доколку некој се повреди или има потреба да му се укаже лекарска помош. Мислам дека ова е една многу важна работа со оглед на тоа што сакаме да им помогнеме на лицата со посебни потреби што повеќе да се социјализираат и да се дружат. Во разговор со нив стекнав впечаток дека се задоволни што се дојдени овде и што имааат можност да вежбаат и да се дружат, рече Трајановски.
Посочи дека Градот Скопје и во наредната година ќе инвестира во набавка на дополнителни справи и за таа цел во Буџетот за наредната година веќе се предвидени средства.
- За набавката на новите справи веќе сме во преговори со председателите на здруженијата на лицата со посебни потреби. Исто така, ќе го приспособиме и автобускиот превоз за нивните потреби, додаде градоначлникот Трајновски.
Лицата со посебни потрени во СУГС „Михајло Пупин“ ќе може да вежбаат секој вторник и четврток по следениов распоред: во 19 часот спортско рекреативни активности за лицата со телесен инвалидитет, а во 20 часот спортско рекреативни активности за лицата со оштетен вид.
Во СУГС „Здравко Цветковски“ ќе може да вежбаат секој вторник и петок по следниов распоред: во 19 часот спортско рекреативни активности за лицата со интелектуална попреченост, а во 20 часот спортско рекреативни активности за лицата со оштетен слух.
Претседателот на Спортската федерација на Македонија за слепи истакна дека ова е одлична можност лицата со посебни потреби да се рекреираат и да го подобрат своето здравје.
Бранимир Јовановски, член на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје – Мобилност и инструктор го изрази своето задоволство од реализацијата на овој проект и набавката на овие справи и услови за спортување на лица со посебни потреби во текот на целата година. Тој истакна дека во наредна фаза очекува да се продолжи со активноста седечка одбојка и кошарка во колички, што се екипни спортови коишто се на програмата на параолимписките игри, како и надеж дека ќе има заинтересираност за овие спортови.
Овој проект го реализира Секторот за јавни дејности, преку Одделението за социјална детска и здравствена заштита и Одделението за спорт и млади, како и здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје – Мобилност Скопје.
Ново на Сител
-
Фрлена бомба во двор во Керамидница, едно лице повредено
-
Маж се самоубил пред зградата на Врховниот суд на Бразил
-
За 20% поскапува такси превозот во Скопје?
-
Со „ауди“ превезувал 8 мигранти, уапсен 27 годишен скопјанец за криумчарење мигранти
-
ДЗР: Континуираните загуби во работењето на АД Пошта влијаат на квалитетот на услугата
-
Холандската полиција уапси 281 лице на забранетиот пропалестински протест
-
Французин добил 80,5 милиони евра обложувајќи се на победа на Трамп
-
Уште еден скандал го тресе англискиот фудбал - Судија од Премиер лигата фатен како шмрка кокаин | ВИДЕО