Свет
25. May 2020 - 18:43

Либиската крајбрежна стража пресретна 400 мигранти, двајца загинаа

Либиската крајбрежна стража во изминатите два дена ,во близина на брегот на Средоземното Море, пресретнала околу 400 мигранти кои се движеле кон Европа и ги довеле во главниот град Триполи, од каде се однесени во притворен центар, соопшти денеска агенцијата за миграција на ОН.

Портпаролката на Меѓународната организација за миграција Сафа Мсхели рече дека мигрантите биле однесени во притворот центар Ал-Насер во градот Завија, западно од Триполи. Таа рече дека заминувањата од Либија се почести, што е „особено загрижувачко поради намалениот капацитет за пребарување и спасување“.

Од избувнувањето на пандемијата на коронавирус, големите поморски спасувачки организации, како Оушн Вајкинг и Си Воча, ги прекинаа спасувачките операции во Средоземното Море.