Македонија
23. September 2022 - 10:54

Левица со референдумско прашање: Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските заклучоци?

Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските заклучоци“ – вака ќе гласи реферндумското прашање кое вчеравечер го објави Левица од каде сметаат дека вака е невозможно формално-правно да се одбие иницијативата.

Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, собранискиот спикер Талат Џафери ја отфрли со образложение дека таа не е во согласност со Уставот, во кој е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.