Левица: Ковачевски и Спасовски ќе добиваат апанажа од 2.500 евра месечно иако Уставен ја укина
Иако минатата година, Уставниот суд со Одлука У.бр.8/2022/1 ја укина апанажата, функционерите на СДС деновиве незаконски побарале и добиле право на апанажа.
Имено, Комисијата за прашања на изборите и именувања, на седница одржана на ден 06.02.2024 година, констатирала дека од страна на поранешните функционери Димитар Ковачевски и Оливер Спасовски се поднесени Барања за остварување на правото на исплата на апанажа.
Скандалозно е што собраниската Комисија, со само пет присутни члена, ги усвојува барањата за исплата на апанажа за двајцата поранешни функционери, спротивно на Уставот! Ова значи дека милионерите Спасовски и Ковачевски во наредните 12 месеци ќе ја добиваат истата плата од 2.500 евра. Иако Ковачевски и неговата сопруга поседуваат милионски бизниси во енергетиката, поранешниот премиер одлучил дека треба да добива плата од државата и наредните 12 месеци (што е спротивно на Уставот).
Потсетуваме дека поранешниот премиер и министер за внатрешни работи го завршија својот функционерски мандат со давање оставка од функцијата која ја извршуваа. Согласно Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица и сега веќе укинатиот чл. 22, истите немаат правен основ за остварување на правото на исплата на апанажа!
Доколку Комисијата не ја ревидира оваа своја одлука во рок од 3 дена, Левица ќе поднесе соодветни поднесоци до надлежните органи за утврдување на одговорност за своето работење на сите присутни членови, кои одлучувале по спорната точка.
ЛЕВИЦА
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ