Лев: Унгарија го „паркираше автобусот“, Англија ќе игра на домашен терен и ќе сака да напаѓа
Селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев ги искажа своите очекувања за претстојниот натпревар со Англија во осминафиналето на Европското фудбалско првенство 2020.
-Не сум загрижен, тоа ќе биде сосема поинаков натпревар. Унгарија го паркираше автобусот – сите беа зад топката. Против Англија работите ќе бидат поинакви. Тие играат дома и сакаат да напаѓаат. Натпреварот ќе биде отворен, поотворен отколку против Унгарија. Треба да додадеме, свесни сме за ова. Потребно е повнимателно да се справуваме со топката и да бидеме повнимателни воопшто, особено во позициска игра. Истите грешки не можат да ни се повторат против Англија. Но, тоа ќе биде поинаков натпревар и со нетрпение го очекуваме, изјави Лев.
Натпреварот Англија – Германија е закажан за 29 јуни во 18 часот на „Вембли“ во Лондон.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко