Кошарка
29. August 2015 - 15:37

Летонија последна контрола за македонските кошаркари

 
Македонската кошаркарска репрезентација попладнево (17.30 часот) во Рига против Летонија ќе го одигра последниот контролен натпревар пред почетокот на Европското првенство (5 септември)
 
За избраниците на селекторот Марјан Србиновски ова ќе биде последен „испит„ за проверка на нивната форма пред заминувањето за Загреб.
 
За „жолто-црвените’’ ова ќе биде петти меч во низа на европската турнејата на која, а вкупно деветти од почетокот на подготовките.
 
По четирите победи пред македонската публика (два против Израел, Украина и Венецуела) нашите кошаркари имаат четири порази во низа (Литванија, Турција и два од Шпанија).
 
По овој дуел, македонските репрезентативци се враќаат во Скопје, каде Србиновски треба да го обзнани и конечниот список на патници на Евробаскетот, односно, дванаесетмината кои на 3 септември ќе заминат за Загреб, каде во рамките на Ц групата ќе играат против: Грција, Холандија, Хрватска, Грузија и Словенија, редоследон, почнувајќи од 5 септември.
 
Пласман во следната рунда или осминафиналето ќе обезбедат четирите најдобри селекции од секоја од групите.
 
Потсетување, дека настапите на Македонија на Европското првенство ќе може да ги следите ексклузивно на ТВ Сител.