Лесно повредени четворица мигранти и возач во сообраќајка на патот Градско-Велес во близина на Винарија „Стоби“
На патот Градско-Велес во близина на Винарија „Стоби“ утрово околу 7 часот се случила сообраќајна незгода во која лесно биле повредени четворица мигранти и возачот, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Тој појасни дека во случајот на местото на настанот била увидна екипа на граничната полиција која го превзела случајот.
Како што информира од велешката болница портпаролот д-р Елеонора Јованова, утрово околу 7 часот од страна на екипа на Итна медицинска помош со возило на одделот за хирургија при ЈЗУ Општа болница Велес биле донесени двајца пациенти мигранти (18 и 19годишна возраст), а нешто покасно уште тројца пациенти, двајца мигранти (20 и 23 годишна возраст) и шоферот на возилото на 33 годишна возраст.
– Пациентите беа прегледани амбулантски од страна на дежурен доктор, направени беа потребните иследувања, а истите се здобиле со лесни телесни повреди и не се задржани на болничко лекување, појасни д-р Јованова.
Ново на Сител
-
Грчки фудбалски репрезентативец пронајден мртов во домашен базен
-
Тешка сообраќајна несреќа во БиХ - Четири лица загинаа откако автомобил излета во река
-
Мицкоски: Навреме реализиран проектот бесплатни учебници
-
Лицата со попреченост излегуваат на протест во вторник
-
Десетици ракети лансирани од Либан кон северен Израел
-
Приведен дилер за издржување затворска казна од 18 месеци
-
Приведен криминалец осуден на три години и шест месеци казна затвор
-
Османи: Како што Србија изгуби во Косово, Русија ќе изгубат и во Украина