Живот
25. October 2015 - 19:03

Лекарите не можеа да веруваат: Погледнете зошто тие се уникатни

Алисон Спунер и нејзиниот партнер Дин Дурант неодамна по втор пат добија влизнаци, девојчињата Маја и Лија се родени со различна боја на кожата, едната е бела како мајката, а другата со темен тен како таткото. Двојајчаните близанчки така ја продолжија интересната семејна традиција.

Foto: Youtube/screenshot

Алисон и Дин пред седум години ги добија првите близнаци. Лорен е родена со бела кожа, сини очи и светла коса како мајкаа, а Хејли на свет дојде со црна коса, црн тен и темни очи. Бојата на кожата е резултат на гените на родителите, но ваквата поделба ги изненади дури и стручњаците. Во случајот девојчињата родени со бела кожа во интеракција биле сличните гени на мајката и таткото, а во случајот со бебињата со темен тен дошло до рамноправна поделба на гените од мајката и таткото.

-Не постои едноставен начин тоа да се објасни. Јас се уште сум во шок, изјави Дин Дурант.

Научниците велат дека е реткост родителите да имаат два пара близнаци и тие толку меѓусебно да се разликуваат.