Фудбал
5. May 2018 - 22:20

Легендарниот тренер во тешка состојба: Лекарите се борат за животот на Алекс Фергусон

Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон (76) е примен денеска во болнциа поради тешка здравствена состојба.

Фергусон доживеал мозочен удар и итно е опериран.

Лекарите се борат за неговиот живот.

„Сер Алекс Фергусон е опериран поради мозочен удар. Зафатот помина добро и сега е на интензивна нега. Неговото семејство моли да се почитува приватноста“, соопшти Манчестер Јунајтед.

Алекс Фергусон се прослави на клупата на Манчестер Ј. на која седеше од 1986 до 2013 година, и во тој период освои 49 трофеи, меѓу кои и 13 титули во Премиер Лигата и две во Лигата на шампиони.

Синот на Алекс, Дарен денеска го пропушти натпреварот на Донкастер чиј тренер е, против Виган, за да биде покрај семејството.