Легендарниот цртан лик Вини Пу забранет во Кина
Сликата на легендарното мече Вини Пу забранета е на сите кинески социјални мрежи. Причината е многу бизарна - го споредуваат со претседателот на државата Си Џинпинг.
Властите немаат дадено никакво објаснување за забраната, но мечето со „многу малку мозок“ во минатото било споредувано со кинескиот претседател Џинпинг, а забраната стапува во сила пред одржување на 19-от Конгрес на кинеската Комунистичка партија. Доколку на социјалните мрежи во Кина во пребарувањата го запишате името на симпатичното мече Пу, ќе се појави порака дека „содржината е незаконска“. Од нивната популарна мрежа за допишување „WeChat“ повлечени се фотографиите на Вини.
Првото споредување на мечето со кинескиот претседател се појавија во 2013 година, кога на интернет се објави фотографијата Си Џинпинг и тогашниот американски претседател Барак Обама, како Вини Пу и неговиот најдобар пријател, Тигарот.
Од интернет избришани се и коментари кои со своите клучни зборови упатуваат на Вини, а корисниците на социјалните мрежи ја тестирале границата на наметнатата забрана. „Очаен мал Вини“, напиша еден од нив и се запраша: „Што ова убаво мало мече некогаш направило да испровоцира кого било?“.
Ново на Сител
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска