„Лед Цепелин“ обвинети за плагијат
Пејачот на рок групата „Лед Цепелин“ Роберт Плант и гитаристот Џими Пејџ се обвинети за плагијат пред Федералниот суд во Лос Анџелес.
Се работи за легендарниот евергрин „Stairway To Heaven" од 1971 година, кој наводно ги содржи почетните акорди од интрументалот „Taurus“ на групата „Спирит“ од 1967 година.
Тужбата ја поднесе Мајкл Скидмор, правен застапник на покојниот Ренди Вулф, кој е автор на „Taurus“.
Американскиот окружен судија Гери Клауснер во април заклучи двете песни се доволно слични, за да се покрене постапка за одговорност на Плант и Пејџ за авторски права. Третиот член на „Лед Цепелин“ басистот Џон Пол Џонс е ослободен од обвинението.
- Никој не ги поседува општите музички елементи, рече категорично Питер Андерсон, адвокатот на обвинетите, во воведното излагање.
„Stairway To Heaven" е песна од четвртиот албум на „Лед Цепелин“, кој беше ненасловен, но неофицијално често е нарекуван „Лед Цепелин IV“.
Роберт Плант и Џими Пејџ ги отфрлија обвинувањата со изговор дека таквите елементи се дотолку „шаблонизирани“, што и воопшто не заслужуваат авторска заштита.
Ново на Сител
-
БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона
-
Тепачка во дискотека во Штип - Осум луѓе побарале здравствена помош
-
Крушево: Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково