Кошарка
8. јуни 2021 - 9:10

Леброн и Дејвис нема да играат на Олимписките игри во Токио

 Ѕвездите на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс и  Ентони Дејвис нема да играат за тимот на САД на Олимписките игри во Токио.

Двајцата ќе ги пропуштат Игрите поради тешката сезона со многу повреди.

Вклучувањето во составот на Стеф Кари (Голден Стејт вориорс) и Демиен Лилард (Портланд блејзерс) сè уште е доведено во прашање, објави новинарот на „Атлетик“, Џо Вардон.

Кари и Лилард сакаат да учествуваат на турнирот, но тие сè уште не се 100 проценти решени.

Олимписките игри во Токио ќе започнат на 23 јули. По традиција САД се апсолутни фаворити за златниот медал на кошаркарскиот турнир.