Македонија
16. April 2016 - 9:56

„Лебедово езеро“ во МОБ

Во Македонската опера и балет (МОБ) вечер ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“ во кореографија на гостинот од Украина Виктор Јаременко.

Улогите им се доверени на Марија Кичевска Шокаровска, Боган Ковачевски, гостинот од Бугарија Дојчин Дочев, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева и Игор Веланоски.

Во претставата настапува комплетниот балетски ансамбл на МОБ,  а со орекстарот ќе диригира Бисера Чадловска.