-->
-->
ЛЕ: Работнички одигра нерешено со Будуќност (1-1)
-->
Фудбалерите на Работнички може да жалат што не ја совладаа црногорската екипа Будуќност во првиот натпревар од 1.коло од квалификациите од Лига Европа. Попладнево на Националната Арената „Филип Втори“ во Скопје, фудбалерите на Работнички пропуштија бројни шанси за победа, па на крајот мораа да се задоволат со нерешен резултат 1:1 во дуелот против Будуќност.
Првото полувреме го добија гостите од Подгорица, кои поведоа во 36.минута со голот на 19-годишниот Велизар Јанкетиќ. Во вториот дел „романтичарите’’ имаа повеќе од играта. Во два наврати гредата беше сојузник на гостите, за конечно во 80. минута по акцијата на Херера, преку Елиф Елмас, Работнички успеа да стигне до израмнување 1:1.
Реванш натпревар во Подгорица ќе се игра следниот четврток од 21 часот.
Другите два претставници на Македонија во ова натпреварување, Шкендија и Силекс своите први дуели ќе ги играат во четврток.
Силекс кој по долго време повторно повторно ќе игра на европската сцена, гостува во Лихтенштајн, кај Вадуц. Овој натпревар ќе почне до 19 часот.
Тетовчани во Скопје, ја пречекуваат екипата на Краковија од Краков, во мечот кој ќе стартува од 21 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање