ЛЕ: Предност за англиските екипи
На „Комерцбанк-Арената“ имаше фантастична атмосфера од домашните навивачи, кои дури „корнеа“ столчиња од стадионот за да можат да стојат и навиваат. Лука Јовиќ, српскиот сензационален напаѓач во 23. минута им врати на навивачите со својот 26. гол оваа сезона во 23. минута од мечот, но ова не беше доволно за победа бидејќи ветеранот Педро во финишот на првото полувреме начека слободна топка во шестнаесетникот и израмни на 1:1
На „Емирати“ во Лондон пак, Арсенал, по мизерната домашна форма каде што имаат три порази едноподруго, ја пречека Валенсија и уште во 11-тата минута ги чекаше нов шок, откако Муктар Диахаби ги донесе гостите од Шпанија во водство.
Сепак, Александер Лаказет ја продолжи одличната голгетерска форма оваа сезона и со головите во 18. и 26. минута направи пресврт, пред Пјер-Емерик Обамејанг во 91. минута да зголеми на 3:1 за предност од два гола пред реваншот на „Месталја“ следната недела.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови