ЛДП: Темелно подобрување на квалитетот на живот за децата со попреченост и инвалидност
Пратениците од Либерално-демократската партија остварија посета на родителите на децата со попреченост и лицата со инвалидност, кои ја покренаа иницијативата „5 до 12“ и кои изминативе два дена кампуваат во паркот пред Собранието на Република Македонија.
Претставниците на иницијативата ги запознаа пратениците на ЛДП, Горан Милевски и Јулијана Николова, со барањата за подобрување на квалитетот на живеење на децата со попреченост и лицата со инвалидност во Р.Македонија и ги изнесоа своите видувања за решавање на бројните проблеми, кои во изминатите години се напластени во здравството, образованието и социјалната заштита.
ЛДП дава целосна подршка за решавање на барањата и смета дека е потребна темелна реформа во системот на социјална заштита, здравство и образование во однос на децата со попреченост и лицата со инвалидност.
Пратениците на ЛДП најавија дека ќе се залагаат за решавање на приоритетните барања од иницијативата „5 до 12’, како што се: зголемување на посебниот додаток/нега на друго лице, а се однесува на лице со посебни потреби, лицата со посебни потреби кои се постари од 26 години да се издвојат од возрасните кои примаат „нега на друго лице“ (туѓа нега), ортопедските помагала да се доделуваат исклучиво врз основа на континуираните секојдневни потреб, надоместот на платата на родител на лице со посебни потреби да не биде помал од половина од просечната нето плата за последните шест месеци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ненов од движењето Стоп извршители
-
Почина родилка во кумановската болница, новороденчето на интензивна на Детска
-
Струмица и шест села останаа без исправна вода за пиење
-
Законот за нефер трговски практики стапи на сила, поевтинување нема
-
Софија одби медијаторство на Орбан во разговорите со Скопје, различни анализи што всушност понуди унгарскиот премиер
-
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор утврдил сомнителни набавки од Владата на СДСМ
-
Расте потребата од образовни асистенти
-
Пристап до безбеден абортус е здравствено право на секоја жена