Македонија
8. August 2016 - 11:24

ЛДП изразува жалење за настраданите и бара одговорност од надлежните

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува загриженост поради големиот број човечки жртви и причинетата материјална штета од невремето кое ја зафати Македонија и сочувствува со семејствата на загинатите граѓани.

Скопските општински организации и членовите на ЛДП, како што информира партијата, се активно вклучени во сите граѓански хуманитарни акции за помош на населението зафатено од поплавите.

Истовремено, ЛДП искажува разочараност од, како што наведува, односот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кон институциите формирани согласно Уставот и забележува на неговата посета на погодените подрачја како партиски лидер.

ЛДП бара одговорност и оставка од директорот на УХМР Оливер Ромевски зашто потфрлил во предупредувањето на граѓаните за можноста од силни напливи дожд, како и од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу за несоодветно и неспремно справување со поплавите.