ЛДП го осуди насилството во Собранието
Либерално-демократската партија (ЛДП) денеска ги осуди вчерашните насилства во Собранието и побара сите кои учествувале во инцидентите да одговараат пред законот.
Бараат, како што наведуваат, одговорност од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, но и од Министерството за внатрешни работи што допуштило насилен влез во законодавниот дом.
Обидот за личнување пратеници, стои во соопштението, чинот на заплашување на народот и манипулирање мора да биде најстрого осуден и казнет. Бараме осуда и одговорност и за нарачателите и за извршителите на овој грозен чин и силен удар врз институциите и демократијата во Република Македонија .
ЛДП упатува и честитки до, како што соопштува, „новоизбраниот претседател на Собранието Талат Џафери“ и апелира на итно формирање влада.
Ново на Сител
-
Висок ризик од пожари
-
Платите на административците во независните институции ќе се изедначат со останатите плати во јавниот сектор
-
Камен-темелник на нова фабрика на „Чагатај Кабло“, ќе се отворат 200 нови работни места
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Преглед на вестите од светот
-
Се одложи стартот за судењето за Онкологија
-
Турската компанија Чагатај Кабло отвора нов погон во Бунарџин
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги наруши меѓународните позиции и ја понижи Македонија