-->
-->
Лазовски објави список од 24 кошаркарки за квалификациите
-->
Селекторот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија Марјан Лазовски го објави поширокиот список кошаркарки за претстојните квалификации за Европското првенство 2019.
На списокот се наоѓаат 24 кошаркарки: Јелена Антиќ – Висла Кенпак (Полска), Криси Гивенс – Авенида (Шпанија), Ивана Кметовска – Замарат (Шпанија), Анџелика Митрашиновиќ – Будуќност (Црна Гора), Ана Тантуровска – Волос (Грција), Нена Трајчевска – Бор (Србија), Ивона Пејковска – Пожега (Хрватска), Софија Лазареска – Бадел 1862 (Македонија, Александра Стојановска – Бадел 1862 (Македонија), Едина Муса – Вардар (Македонија), Кристина Јаневска - Вардар (Македонија), Цветанка Димова – Бадел 1862 (Македонија), Сања Адамовска – Бадел 1862 (Македонија), Анамарија Шеќероска – Струга 2009 (Македонија), Јована Петрушевска – Вардар (Македонија), Драгана Петковска – Њубери Колеџ (САД), Ива Крстевска – Њуман Колеџ (САД), Снежана Серафимоска – Струга 2009 (Македонија), Габриела Модева – Струга 2009 (Македонија), Тијана Митрева – Мерцедес Алгеро (Италија), Илина Селцова – Ратгебер (Унгарија), Матеа Николиќ – Стела Азура (Италија), Ивона Кожобашиовска – Сицилија (Италија), Сара Анастасиеска – Калифорнија Колеџ (САД).
Првиот тренинг ќе се одржи на 6. ноември во спортскиот центар „Јане Сандански“.
Првиот натпревар од квалификациската група Х Македонија го игра на домашен терен во Скопје против Италија, седмопласирана селекција од последното ЕП 2017, додека на 15.ноември македонските кошаркарки гостуваат кај Шведска. Во групата како четврта селекција е Хрватска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!