Живот
8. February 2018 - 14:01

Лажен доктор наместо да ги лекува луѓето од настинки и дијареа, тој всушност ги инфицирал со ХИВ

Лажен доктор во индиско село ги лекувал жителите од настинка, кашлица и дијареа, а всушност инфицирал најмалку 21 лице употребувајќи заразени игли и шприцеви. Полицијата трагала по Раџендр Јадав, кој побегнал во град во северно индиската држава Утар Прадеш, изјави државно официјално лице.

Жителите на селото велат дека Јадав многу ретко ги менувал иглите, што според официјалните лица на државата најверојатно довело и до инфекцијата ХИВ.

Во здравството на Индија недостасуваат голем број на доктори и здравствени институции, поради што милиони луѓе се принудени да бараат помош од (лажни) доктори, кај кои лекувањето е многу ефтино.

Заклучно со 2016 година во Индија регистрирани се вкупно 2,1 милион заболени од сида.