Балкан
6. July 2018 - 14:38

Лажела дека е бремена, па украла новороденче: Шокантни детали за грабнувањето на бебето на Исмаиловски што го потресе регионот

М.Д. (28) е осомничена за киднапирање, односно кривично дело одземање дете во Хаџиќи. Според неофицијалнтие информации, таа минатата година во август, додека била на летување, го излажала мажот дека е бремена - и тоа било вовед во кобните настани.

Таа наводно подоцна барала лекар да и издаде потврда дека го загубила бебето, но бидејќи тоа не го добила, морала да се „породи“ - во нејзиниот случај да донесе туѓо новороденче и да го претстави како нејзино - за да ја поткрепи приказната за лажната бременост.

Почнала намерно да се дебелее, а на сопругот повремено му говорела дека оди на контрола во Општата болница во Сараево. Некогаш на сопругот му зборела како докторите се задоволни од напредокот на детето, а некогаш и измислувала понекој проблем.

Hapšenje

Наводно, пред да го грабне бебето од семејството Исмаиловски се обидела да украде новороденче од друго семејство, но се откажала од тоа зошто куќата била полна.

Уапсената, која се претставувала како патронажна сестра, така на 5. јули одлучила да го украде новороденчето од Лејла Исмаиловски од Хациќи. Претходно изнајмила автомобил, а потоа и се јавила на Лејла и и кажала дека мора да го донесе бебето во Општата болнциа, зошто некои наоди не биле добри и дека детето мора да го пријави во општина.

Потоа дошла до зградата на лејла во Игманска улица во Хаџиќи облечена како патронажна сестра, со марама на глава и стетоскоп околу вратот, распрашувајќи се каде живее семејствоото Исмаиловски. Седнала карши зградата во кој живеат, под терасатата на соседниот објект.

Штом Лејла Исмиловски излегла од куќата, тргнала во акција.

Со детето старо 10 дена се наоѓала тетката Наѓа Мехди. Во еден момент лажната патронажна сестра го грабнала бебето и истрчала надвор.

Таа ја искористила можноста кога тетката била во бања да го украде детето и да побегне. Пред тоа на тетката и рекла дека во тоалетот нешто истурила и дека треба да го исчисти.

Кога тетката тргнала во тоалетот, лажната патронажна сестра ја заклучила и побегнала со детето.

По опсежната акција на босанската полција и разузнавачката агенција, пронајдено е новороденчето кое во четвртокот во попладневните часови е грабнато во Хаџиќи.

Бебето е пронајдено во четвртокот околу 22.15 часот, а се наоѓало во Хостелот Феријалец на Маријин Двор, а како што се дознава машкото бебе е живо и здраво, и без здравствени проблеми, но сепак е испратен на преглед.