-->
-->
Лазаров: Треба да бидеме задоволни, иако пропуштивме победа
-->
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, по ремито против Унгарија (27-27) на стартот од Светското првенство изјави дека тимот треба да биде задоволен со освоениот бод против екипа која заврши на петтото место на последното првенство.
- Треба да бидеме задоволни, иако пропуштивме победа. Се виде неискуството на нашите играчи по тајм-аутот, направивме техничка грешка, иако можеби требаше порано да го викнам, истакна Лазаров по мечот.
Додаде дека е горд на својата екипа, како и на Македонија и нашите навивачи.
-Сите покажавме како се игра за својата земја. Ако се бориме во иднина како денес, резултатите сами ќе дојдат, изјави селекторот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот