Лазаров: Сестрите од Инфективна кои се заканија со отказ се разрешени од позициите
Доктор Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари објави дека сестрите од Инфективна клиника кои се заканија со отказ биле разрешени од позициите.
-Инаку, медицинските сестри што дадоа отказ од Инфектовна, а кои експресно ги прими загрижениот министерот другиот ден,експресно и се разрешени од местата одделенска т. е главна сестра после состанокот, напиша Лазаров на фејсбук.
Истиот лекар на 29 септември објави дека главната сестра на Инфективна клиника и уште две одделенски сестри дале отказ.
Тој тогаш објави и документи од неговите колешки кои се жалат дека нивната работа е непочитувана, иако претставува најважна алка во медицинскиот тим.
Веќе следниот ден сестрите на разговор ги прими министерот за здравство Венко Филипче.
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб