Лавров во Венецуела за сојуз против „уцените“ од Западот
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на турнеја низ Јужна Америка, изјави синоќа во Каракас, Венецуела, дека е неопходно да се „здружат силите“ за да се спротивставиме на „уцените“ на Западот.
„Неопходно е да се здружат силите за да се спротивставиме на обидите за уцена и нелегалниот едностран притисок од Западот“, рече Лавров на прес-конференцијата со неговиот венецуелски колега Иван Гил, зборувајќи за „мултиполарен свет“. По Бразил, Венецуела е вториот дел од турнејата на Лавров низ Јужна Америка, а потоа оди во Куба и Никарагва.
„Венецуела, Куба и Никарагва се земји кои сами го избираат својот пат“, рече тој. Тие три земји имаат влади инспирирани од социјализмот и хронично лоши односи со САД“.
Рускиот министер се осврна и на војната во Украина, нагласувајќи: „Ќе ја решиме ситуацијата во Украина и другите конфликти во светот со принципите на Повелбата на ОН за суверена еднаквост на државите“.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис