Свет
13. December 2016 - 15:20

Лавров: Трамп и Тилерсон се прагматични, што е добра основа за соработка

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска не сакаше да ја коментара одлуката на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, за иден државен секретар да го именува Рекс Тилерсон, но изрази очекување дека прагматизмот што го поседуваат Трамп и Тилерсон ќе биде основа за соработка меѓу двете земји.

На прашањето како го коментара именувањето на Тилерсон, извршен директор на нафтената компанија „Ексон Мобиле“, Лавров  на прес конференција во Белград, по завршување на билатералната министарска средба, изјави: „Тоа немам право да го коментарам. Новоизбраниот претседател на САД ја донел одлуката, ние тоа го прифаќаме и сме подготвени да соработуваме со сите партнери кои сакаат да развиваат натамошна соработка со Русија. Тие се прагматични луѓе, не се изјаснуваа против соработката со Русија и се надевам дека тоа ќе биде основата за натаму“.