Лавров: Русија настојува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна
– Русија настојува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна, тврди рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров. Тој предупреди дека заканата од трета светска војна навистина постои и е сериозна.
– Русија настојува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна и покрај големите ризици во овој момент, изјави Лавров синоќа за руската државна телевизија.
Околу тензиите меѓу Русија и Западот поради руската офанзива на Украина, Лавров подвлече дека „опасноста од трета светска војна е сериозна и не смееме да ја потценуваме“.
Како што пренесуваат странските агенции, тој го обвинил украинскиот претседател Володимир Зеленски „за глумење дека преговара“.
– Тој е добар глумец. Ако внимателно гледате и читате што зборува, ќе забележите илјада противречности, рече Лавров.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава
-
Мицкоски задоволен од постигнатиот консензус меѓу Македонија и Бугарија за пругата од Коридорот 8
-
Активни се 4 шумски пожари низ земјава
-
Почина 16-годишен мопедист - Излетал од коловозот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот