Лавров: Русија и Кина се против насилно решавање на севернокорејската криза
Русија и Кина се против каков било обид за решавање на севернокорејската криза по насилен пат, ниту со економски притисок врз Пјонгјанг, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
- Задачата за денуклеаризација на целиот Корејски Полуостров не може и не треба да се користи како маска за обиди да се смени севернокорејскиот режим. Ова е наша заедничка позиција, истакна Лавров.
Северна Кореја вчера изврши тестирање на интерконтинентална балистичка ракета.
САД го потврдија тестирањето, а од Пентагон порачаа дека се подготвени да ја бранат земјата и нејзините сојузници од зголемените закани од страна на Северна Кореја.
Официјален Вашингтон вчера побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН откако Северна Кореја објави дека ја тестирала својата прва интерконтинентална балистичка ракета и се очекува средбата да се одржи денеска.
Ново на Сител
-
Просечната нето плата во јануари 43.050 денари
-
Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци
-
Почина 18-годишниот Вукашин, шеснаесетта жртва на трагедијата во Нови Сад
-
Отворена истрага за пожарот во Кочани
-
Приведени тројца дилери
-
Одземени 97 лиценци согласно Законот за градење
-
Кривична за фирма од Струмица и управителот за даночно затајување при приредување игри на среќа
-
Отстранет штандот за свеќи и книгата на жалост во Кочани