Свет
9. March 2017 - 8:29

Лавров и Габриел ќе разговараат за ситуацијата во Сирија, Украина и Либија

Министрите за надворешни работи на Русија и на Германија, Сергеј Лавров и Зигмар Габриел денеска во Москва ќе разговараат за ситуацијата во Сирија, Украина и Либија, како и за односите меѓу двете земји.

Според портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, двајцата министри ќе разменат мислења за актуелните меѓународни проблеми, потенцирајќи ги обидите за излез од кризите во Украина и Сирија и нормализирање на состојбата во Либија. Таа истакна дека ќе се разгледаат и проекти во трговијата, економијата, културата и хуманитарната сфера.

Габриел вчера во Варшава нагласи дека на средбата со Лавров ќе се отвори и темата за воспоставување примирје во источниот дел на Украина.