Лавров: Апсурдни се обидите за оспорување на изборот на граѓаните на Крим
Апсурдни се обидите за оспорување на одлуката на граѓаните на Крим за повторно обеднување со Русија, која беше донесена во согласност со меѓународниот закон, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
- Државниот удар од 2014 година подразбираше пропаст на украинската државност, а ултранационалистите кои дојдоа на власт покренаа братоубиствена војна и земјата ја доведоа на работ на поделба, рече Лавров во интервју за италијанскиот политички магазин „Лимес“.
Според него, очигледно е дека слободно изразената желба на населението на Крим на референдумот за независност од Украина и спојувањето со Русија е само реакција на тие настани, пренесува ТАСС.
Рускиот дипломат притоа потсети дека „многу Европски земји сметаа дека е можно да се признае независноста на Косово и покрај фактите дека таму не беше оддржан референдум за отцепување од Србија“.
- Настаните во Донбас покажаа со какви се тешкотии жителите на Крим можеа да се соочат доколку регионот не се обединеше со Русија, заклучи Лавров.
Ново на Сител
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
Приведена 65-годишна штипјанка, го принудувала внукот да питачи во Дебар
-
Физички нападнат 30-годишен велосипедист во подрачјето на Карпош
-
46-годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син се оддалечил од домот
-
Германија мора да регрутира до 60.000 нови војници за да ги исполни целите на НАТО
-
Приведен 40-годишник, се заканувал на сограѓанин
-
На лекување во странство и во домашните болници има 12 пациенти од пожарот во Кочани, еден е во тешка состојба, вели Клековски
-
До недела топло, утре и задутре развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи