Свет
29. December 2019 - 14:09

Лавина усмрти три лица во јужен Тирол: Жена и две деца загинаа под налетот на снегот

Ти лица загинаа во лавина во италинскиот јужен Тирол, соопшти полицијата, а пренесоа италијанските медиуми.

Жена и две деца од Германија загинаа во саботата во лавина во зимскиот центар Сналс, западно од градот Мерано, рече портпаролот на италијанските карабинери.

Južni Tirol

Тој додаде дека во тој момент немало предупредување од можност за лавина, но дувал силен ветер со порастот на температурата.

Две лица се извелечени од снежниот нанос и префрлени во болница во Мерано.