Лани создаден комунален отпад од 790 866 тони, 438 килограми по жител
Вкупното количество собран комунален отпад во државава во 2024 година изнесува 637 471 тон и споредено со 2023 година, бележи зголемување од 2.5 проценти. Зголемувањето, како што објави Државниот завод за статистика, се должи на зголемениот број населени места вклучени во системот за колективно собирање отпад.
Најголемо количество собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 180 729 тони или 28.4 проценти од вкупното собрано количество. Од вкупното количество собран комунален отпад, 535 606 тони или 84 проценти се собрани од домаќинствата, а останатите 16 проценти од правни и физички лица (комерцијален отпад). Според видовите отпад, најголемо количество собран отпад е измешаниот комунален отпад – 546 866 тони или 85.8 проценти, а најмало количество има отпадот од гума – 1 136 тони или 0.2 проценти од вкупното количество собран комунален отпад.
Вкупното количество создаден комунален отпад во 2024 година изнесува 790 866 тони. Годишното количество создаден комунален отпад по жител во 2024 година изнесува 438 кг, што е за 12.9 проценти помалку од истото количество во 2023 година.
Најголемото количество собран комунален отпад, 99.8 проценти, се исфрла на депонија.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка