Лани изградени над 4.000 станови
Во текот на минатата година се градени вкупно 2.209 објекти, а завршени се вкупно 3.437 станови изградени од деловни субјекти, а во индивидуална режија се изградени 1.717 објекти и завршени се 1999 станови, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 29.320.988 илјади денари. Од нив, 11. 527.868 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост.
Изградените 3.437 станови се со вкупна површина од 227.797 м2, од коишто 3.413 се во индивидуална сопственост.
Просечната корисна површина на завршените станови е 66,3 м2.
Кај објектите изградени во иднивидуална режија вкупната површина на 1999-те станови изнесува 233.015 м2, од коишто 113 се станови во викенд куќи со вкупна површина од 8.944 м2.
Вредноста на извршените градежни работи е 8.216.669 илјади денари.
Просечната корисна површина на завршените станови е 116,6 м2.
Во текот на минатата година најмногу се градело во скопскиот регион, потоа во Полошкиот, во Југозападниот и источниот.
Ново на Сител
-
Тенисери местеле за 400 до 2000 евра
-
МОТО ГП: Започнува новата сезона
-
Аргентинците го поздравија рекордот на Меси
-
Во Србија зголемена цената на патарините
-
Беира Салифова, со целосно оштетен вид, го одбрани првиот дипломски труд на Брајово писмо во Македонија
-
Мицкоски: Мојот став за уставни измени е јасен, а Ковачевски нека каже кој е ставот на Груевски
-
Стотици луѓе евакуирани поради шумски пожар во Кастељон во источна Шпанија
-
Мицкоски: Планот за 2023 на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се 748 капитални проекти во вредност од 70 милиони евра