Ламар Одом повторно на рехабилитација
Поранешниот кошаркар на „Езерџиите“ од Лос Анџелес, Ламар Одом повторно самиот доброволно се пријави на рехабилитација, откако одново не одолеа на пороците кои во минатото за малку и ќе го убиеја.
Проблемите на Одом започнаа по смртта на неговиот син Џејден. Новороденчето кое почина во 2006 од т.н. Синдром на ненадејна детска смрт (СИДС), вчера требаше да го прослави единаесетиот роденден.
По семејната трагедија, носителот на двоен шампионски НБА прстен се оддаде на алкохол, проститутки и дрога, што мината година речиси го чинеше и живот. Тоа го принуди на рехабилитација, која по се изгледа не била успешна, оти кусо потоа тој повторно им се врати на пороците.
Дополнителен проблем за Одом периодов беше и разводот со ѕвездата од реалните шоуа, Клои Кардашијан.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот