-->
-->
Лајпциг ja одби понудата на Ливерпул од 75 милиони евра за Кеита
-->
Германскиот тим Лајпциг кој минатата сезона беше најголем хит во германската Бундеслига, финиширајќи на второто место на табелата и тоа во својата прва сезона во елитата. ја одби понудата од 75 милиони евра на Ливерпул за Наби Кеита.
Претседателот на клубот Дитрих Матешиц откри дека Ливерпул понудил фантастични 75 милиони евра за фудбалерот од средниот ред, но дека тој веднаш ја одбил понудата не поради тоа што сакал повеќе пари, туку дека едноставно тимот не сака да ги продава своите ѕвезди.
„Пред извесно време добивме понуда од 75 милиони евра за Наби Кеита. Нема шанси. Тој има договор со нас и ќе го почитува. Да го продадеме не само што ќе биде лош сигнал за нашите навивачи туку и за останатите наши играчи како Тимо Вернер, кој исто така е фудбалер за кого има многу заинтересирани клубови“, изјавил Матешиц за „Билд“.
Тој специфично не кажа дека Ливерпул понудил 75 милиони евра, но може да се претпостави со оглед на фактот дека менаџерот Јирген Клоп и многу јавно покажуваше интерес за Кеита изминатиот период. Дали ќе има нова подобрена понуда од „црвените“, што ќе го предомисли Лајпциг, останува да видиме.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Училиштата во Општина Карпош и натаму без парно греење
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Влада: Уставните измените со одложено дејство се се уште во игра
-
Мицкоски: Сакаме да биде конструктивни но не плашат билатералните прашања
-
Италија сè уште ги признава само возачките дозволи со „Република Македонија“