Лајчак и Палмер во посета на Приштина пред продолжувањето на косовско-српскиот дијалог
Во Косово денеска се очекува да допатуваат во официјална посета специјалниот пратеник на Европската унија за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак и заменикот помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави задолжен за европски и евроазиски прашања и за Западен Балкан и Егејот, Метју Палмер, јави дописникот на МИА од Приштина.
Од канцеларијата на ЕУ во Приштина соопштија дека Лајчак ќе се сретне со претседателката на Косово, Вјоса Османи, со премиерот Албин Курти, со првиот вицепремиер, задолжен за евроинтеграции, развој и дијалог, Бесник Бислими и со втората вицепремиерка и шефица на косовската дипломатија, Доника Грвала.
За време на дводневниот престој, словачкиот дипломат ќе се сретне и со претставници на меѓународната заедница и со шефовите на мисиите на ЕУ во Косово.
Претходно и американската амбасада во Косово ја најави посетата на Палмер и информира дека тој ќе се сретне со највисоките државни претставници, со кои ќе разговара „за билатералните односи меѓу двете држави“.
Во соопштението од канцеларијата на ЕУ се наведува дека Лајчак и Палмер ќе информираат за текот на посетата преку заеднича прес-конференција, која ќе ја одржат утре во седиштето на мисијата на ЕУ во Приштина.
Посетата на претставниците на ЕУ и на САД задолжени за Западен Балкан се случува во пресрет на најавеното продолжение на дијалогот за решавање на споровите меѓу Косово и Србија, кое треба да се одржи во текот на месец јуни во Брисел, со средба на косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН