Свет
14. November 2016 - 9:10

Лајчак: ЕУ треба повеќе да се потруди

Европската унија ќе мора да се потруди повеќе за да опстанат спогодбите за климатските промени и иранската нуклеарна програма, заклучија минстрите за надворешни работи на ЕУ по состанокот во Брисел во врска со претседателските избори во САД. 

Словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, кој претседаваше со состанокот изјави синоќа дека ЕУ разбира дека во иднина САД ќе имаат повеќе деловен пристап, но дека Унијата мора да го наметне својот „европски став“.

- Никој не ги доведува во прашање претседателските избори или нашата подготвеност да соработуваме со САД, рече Лајчак по состанокот, кој заврши синоќа.