Лајчак денеска во Косово во обид за обновување на дијалогот меѓу Приштина и Белград
Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак се очекува денеска да го допатува во Приштина, во нов обид за обновување на дијалогот меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што изјави Лајчак минатата недела, цел на неговата денешна посета е да подготви средба на ниво на главните преговарачи на двете земји во рамките на дијалогот што се одвива со посредство на ЕУ.
Овој пат, според извори од Брисел, по Приштина Лајчак нема да го посети Белград.
Минатата недела, додека учествуваше на безбедносниот форум Глобсек во Прага, европскиот емисар се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Во меѓувреме, портпаролот на ЕУ, Петер Стано, ги повтори повиците до косовските власти да се воздржат од еднострани и некоординирани чекори, кои според Унијата би можеле да ги зголемат тензиите на северот на земјата, населен со мнозинско српско население.
„Ние се ангажираме со нашите партнери во Косово, им испраќаме пораки и се надеваме дека конечно ќе можеме да ги решиме овие прашања таму каде што им е местото, во рамките на дијалогот што го олеснува Европската Унија“, изјави вчера Стано.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица