Бизнис
6. July 2015 - 22:23

Лагард: ММФ е подготвен да и помогне на Грција доколку таа го побара тоа

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е подготвен да и помогне на Грција доколку земјата тоа го побара од него, изјави директорот на Фондот Кристин Лагард. 

Таа во кусо соопштение нагласи дека ММФ внимателно ја следи ситуацијата и е подготвен да и помогне на Грција само доколку до Фондот биде испратено такво барање.