Македонија
22. April 2024 - 16:32

Лабораторијата без кадар, Токсикологија во хаос!

Токсиколошката лабораторија на Токсикологија не функционира комплетно и резултатите за пациентите не се валидни. Лекари од Стручниот колегиум  денеска го кренаа гласот против како што тврдат нестручното работење на економската директорка. Реагираат дека сака да вработува непотребни лица а не кадарот што итно им треба. Најскандалозно и кривично дело е што на клиниката, според  докторите, болничар кој бил со договор на дело побарал замена на резултат од урина со присуство на дрога со чист примерок. До  замената не дошло, но истиот тој е еден од 18-те кои чекаат да бидат вработени на клиниката а договорите им истекле на крајот на 2023.

-Тој примерок со урина не е заменет. Тој само ме праша му реков не тоа е кривично дело и резултатот е даден позитивен, вели Гоце Гавриловски = лаборант

-јас прашав, не ги знаев процецурите, вие сте напишале притисок за замена...а како ќе работите ако не ги знаете процедурите...болничар

За скандалот со промена на резултати дискутирал и стручниот колегиум, со записник дека вакво лице не смее да работи на клиника.

-Тоа е дискутирано на стручен колегиум, има записник дека тоа лице не смее да работи на клиниката. Но организациската директорка му дозволува и еве го тука е, вели Нико Беќаровски

Економската директорка со папка документи ги повика медиумите, меѓутоа нема изјава на македонски.

-Ќе дадете изјава на македонски....не..

Лекарите реагираат дека е недозволено овие 18 лица на кои договорите им истекле да доаѓаат на работа.

-Тие доаѓаат, облекуваат униформи, се шетаат, а знете овде има пациенти кои бараат приватност,. Вели Беќаровски.

И додека лекарите се жалат што немаат соработка со Бесија Илјази која сака да вработува непотребен кадар, министерот за здравство пресече – Не нејзе, туку ќе го разреши медицинскиот директор Данил Петровски.

-Директор е политичка функција, вели Илир Демири, министер за здравство.

Економската директорка е назначена ден пред формирање на техничката Влада и  на работа оди со преведувачка.