КЗД: Да се пријават инцитенти предизвикани од говор на омраза
Комисијата за заштита од дискриминација ги повикува сите граѓани кои се сведоци или жртви на инциденти од говор на омраза да ги пријават случаите, со огклед на тоа што, како што посочуваат од Комисијата и дискриминацијата преставува мотив за кривични дела од омраза.
- Комисијата за заштита од дискриминација како централно, национално тело за спречување и заштита од дискриминација, како и за промоција и афирмација на принципите на еднаквост, теолеранција и недискриминација, во рамките на своите надлежности ги повикува граѓаните кои се сведоци или жртви на инциденти од говор на омраза, да го пријават инцидентот во Комисијата, се вели во денешното соопштение по повод Европскиот ден на жртвите на криминалот од омраза - 22 јули.
Со прогласувањето на Европски ден на жртвите на криминалот од омраза целта е да се воспостави ден за признавање на проблемот со криминалот од омраза во Европа, да се даде поддршка на жртвите, да се потврди заложбата за мониторирање, спроведување на законот и подигање на јавната свест со цел таквите кривични дела да се осудат и спречат.
Криминал од омраза, истакнуваат од Комисијата за заштита од дискриминација, претставува секое кривично дело каде сторителот е мотивиран поради некоја карактеристика на жртвата како што е раса, етничка припадност, религија, политичка припадност, сексуална ориентација или друго својство.
Ново на Сител
-
Палмер по триумфот на Челзи на Светското клупско првенство: Сите се сомневаа во нас
-
Сончево и топло, до 39 степени
-
На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура