Квартетот на Крег Тејборн од САД и нордискиот ансамбл „Ларџ јунит“ за крај на 36. џез-фестивал во Скопје
Триесет и шестиот Скопски џез-фестивал ќе заврши вечер со два концерта - на квартетот на Крег Тејборн од САД, еден од најдобрите светски џез-пијанисти, и на нордискиот ансамбл „Ларџ јунит“ на норвешкиот музичар Пал Нилсен-Лав.
Пијанистот, органист, клавијатурист и композитор Крег Тејборн станал столб на реномираната издавачка куќа ECM Records. Има широк спектар стилови кои често ги адаптира кон природата на инструментот и звуците што тој може да ги создаде. Има објавено шест албуми под свое име, а на повеќе од 80 се појавува како придружен музичар.
Се смета за најдобар џез-пијанист во својата генерација. Повеќепати ја добил наградата „Пијанист на годината“. Тејборн е на турнеја на која го промовира најновиот диск на својот квартет со етикетата на ECM (Daylight Ghosts) објавен во февруари годинава.
Џез-фестивалот во Скопје вечер ќе го затвори Пал Нилсен-Лав, еден од најпродуктивните и најактивни норвешки музичари во последните 20 години. Тапанар со илјадници свирки и стотици снимки, кој соработувал со многу бендови и музичари, како Арто Линдзи, Акира Саката, Кен Вандермарк, Питер Бротсман... а во 2013 решил да основа свој голем ансамбл - „Ларџ јунит“ (Large Unit).
„Нордиска музика во своето најмоќно издание“ – вака организаторот ја најавува групата во која членуваат млади музичари од Норвешка, Финска, Шведска и Данска. Од формирањето пред четири години тие настапуваат на турнеи и фестивали низ Европа, а во 2014 го објавиле деби-албумот „Erta Ale“.
Пред вечерните концерти во Македонската опера и балет, од 17 часот во кино „Фросина“ соло-настап ќе има и Роберто Отавиано, еден од најпознатите италијански саксофонисти, кој е концертно активен од 1979 година. Соло-проектот е наречен „Lontano“ и е фокусиран на идејата за миграцијата и номадизмот.
Отавиано соработувал со познати европски и американски музичари и има богата и разновидна дискографија. Основач е на џез-одделот на Музичкиот конзерваториум во родниот град Бари, каде работи веќе 30 години.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг