-->
-->
Квалификации за СП: Македонија ја совлада и Молдавија
-->
Футсал репрезентацијата на Македонија забележа голема победа против Молдавија со 5:2, остварувајќи историски успех со пласман во баражот за влез на Светското првенство 2016. Со многу самодоверба по победата над Словачка, избраниците на Васко Скендеровски го издржаа налетот на противникот, ги користеа своите шанси и сосема заслужено стигнаа до историска победа.
Молдавија немаше никакви шанси за евентуална борба за бараж, но противникот сепак не се предаде лесно. Обада и Ласку први се заканија кон голот на Удовалиев уште во првата минута, но репрезентативниот голман беше на ниво на задачата. Свесни што ќе значи победа на денешниот натпревар за македонскиот футсал, Тодоровски, Агуши и Де Соуза започна да диктираат агресивно темпо.
Во неможност да го издржат ритамот на нашите репрезентативци, Молдавците започнаа несвесно да го зголемуваат бројот на фаули, што до крајот излезе во наша корист. Де Соуза изведе слободен удар, но непрецизно. Крстевски ја прими топката и се обиде да ја затресе противничката мрежа, но повторно без успех. Неколку секунди подоцна Петровиќ го постигна првиот гол на средбата. Брзиот ритам продолжи, а Леовски со погодок во 15. минута ја казни грешката на Ласку и Обада.
Само 14. секунди откако селекциите се вратија по полувремето, Глигоров ги разреши дилемите околу победникот, шутираше прецизно за водство на Македонија од 3-0. Притисокот на молдавските играчи пред голот на Удовалиев вроди со плод, Негера беше стрелец за Молдавија во 25. минута. Нервозните Молдавци со чести прекршоци ја прекинуваа играта, а по нивниот петти фаул Мицевски биеше прецизно за 4-1. Нашите репрезентативци до крајот успеаја да постигнат и петти гол преку Де Соуза, а конечните 5-2 ги постави Ласку на 16. секунди до крајот.
За потврда на второто место на Македонија останува само Италија да ја потврди високата класа со триумф на последниот меч против Словачка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес