Спорт плус
15. March 2020 - 19:44

Квалификации за ЛОИ: Љама елиминиран од Гркот Цаникидис

Денеска на квалификацискиот турнир за ЛОИ во Токио во Лондон се претстави  победникот на боксерската ревија Златен Гонг  Јасин Љама кој имаше тежок меч против преставникот на Грција  Александрос Цаникидис во категоријата до 63 килограми. 
Македонскиот претставник не ја преживеа втората рунда откако доживеа три нокдауни по што судиите го прекинаа мечот со што Љама  ги загуби шансите за настап на ЛОИ во Токио. 
Утре се очекува настап на вториот наш претставник Гоце Јанески кој утре во категоријата  до 75 килограми ќе боксува со Шпанецот Етерна Квадрадо.