-->
-->
Квалификации за ЛОИ: Хрватска на мегдан со Данска
-->
И додека дуелот меѓу Македонија и Полска е во фокусот на вниманието на целокупната македонска спортска јавност, денеска во рамките од квалификациите за ракометниот Олимписки турнир во Рио, ќе се играат уште два интересни натпревари.
Во рамките на третата квалификациска група, чиј домаќин е данскиот град Хернинг, попладнево ќе се сретнат домаќинот Данска и селекцијата на Хрватска. Вториот натпревар од оваа група е дуелот меѓу Норвешка и аутсајдерот Бахреин.
Во група 2, чии средби се играат во Малме, селекцијата на Шпанија за противник ја има Словенија додека домаќинот Шведска ќе игра против репрезентацијата на Иран.
Потсетување, дека покрај натпреварот Македонија – Полска кој ќе започне од 20.30 часот, во групата 1 денеска ќе играат и репрезентациите на Чиле и Тунис.
Пласман на Олимпијадата во Рио ќе обезбедат двете првопласирани селекции од секоја група
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче