Квалификации СП2022: Нови победи на Бразил и Аргентина
По одиграни две третини од јужноамериканските мундијалски квалификации, Бразил речиси го обезбеди настапот на завршниот турнир идната година во Катар, откако синоќа во рамки на 12. коло триумфираше убедливо над Уругвај со 4:1(2:0).
Лидерот Бразил сега има 31 бодови од 11 натпревари, 15 повеќе од четвртопласираниот Уругвај, кој има одиграно и натпревар повеќе.
На чекор до пласман на Мундијалот во Катар дојде и репрезентацијата на Аргентина, која синоќа со 1:0 го совлада Перу во Буенос Аирес.
Резултати 12 коло:
Боливија – Парагвај 4:0 (Рамаљо 21, Виљароел 53, Абрего 84, Фернандез 90+4)
Колумбија – Еквадор 0:0
Аргентина – Перу 1:0 (Лаутаро 43)
Чиле – Венецуела 3:0 (Пулгар 18, 37, Бреретон 73)
Бразил – Уругвај 4:1 (Нејмар 10, Рафиња 18, 58, Габриел Барбоса 83 / Суарез 77)
ТАБЕЛА:
- Бразил 11 10 1 0 26-4 31
- Аргентина 11 7 4 0 19-6 25
- Еквадор 12 5 2 5 20-13 17
- Колумбија 12 3 7 2 16-16 16
- Уругвај 12 4 4 4 14-17 16
- Чиле 12 3 4 5 14-14 13
- Боливија 12 3 3 6 17-25 12
- Парагвај 12 2 6 4 9-17 12
- Перу 12 3 2 7 10-19 11
- Венецуела 12 2 1 9 8-22 7.
Ново на Сител
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје