Кузеска: Гледаме колку е значајно што сме членка на НАТО
Она што се случува деновиве, воената агресија врз Украина и загрозувањето на нејзиниот суверенитет, покажува колку безбедноста и сигурноста на граѓаните може лесно да биде загрозена.
Мирот и безбедноста на граѓаните се од огромно, непроценливо значење, кое за жал во вакви трагични моменти, особено го потенцираме.
Како една мала земја, ова ни покажува колку за нас, за Северна Македонија е важно членството во НАТО алијансата.
За нас, овој историски успех, ова исполнување на стратешката цел да бидеме членка на НАТО значи сигурност и безбедност на граѓаните. НАТО за нас значи обезбеден суверенитет и територијален интегритет.
Денеска можеме јасно да видиме. Нема цена мирот и спокојот на граѓаните, сигурноста која со членството на НАТО ја обезбедивме.
Нашите граѓаните се сигурни и можат да бидат спокојни, како членка на НАТО, ја уживаме заштитата на најмоќниот одбранбен сојуз во светот.
И тоа не е воопшто мала туку голема, огромна работа.
Би сакала да ги споменам и добро поставените економски политики.
Бидејќи воените судири секако ќе ја продлабочат енергетската криза исклучително е важно што владата предводена од СДСМ исправно се постави.
Сите ресурси ги насочи кон соочување со последиците од енергетската криза и презеде низа ерки за заштита на стандардот на граѓаните.
Одблиску се следат светските економски текови и се делува за заштита на домашната економија и стандардот на граѓаните.
Тоа е одговорно и државничко однесување и кон граѓаните и кон државата. Тоа е СДСМ.
Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Ново на Сител
-
Нормализирано водоснабдувањето во Тетово, саниран е дефектот
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните
-
Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН