-->
-->
Куртумлуш: Во нападот во ноќниот клуб во Истанбул вмешана разузнавачка служба
-->
Нападот во ноќниот клуб во Истанбул за Нова Година беше извршен професионално со учество на разузнавачка служба, изјави денеска турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш.
- Се чини, дека нападот во (клубот) „Реина“ не е дело само на терористичка организација, туку, исто така, во него е замешана и разузнавачка служба. Нападот е извонредно испланиран и организиран акт, изјави Куртулмуш во интервју за телевизијата „А Хабер“.
Одговорност за нападот во Истанбул, во кој загинаа 39 лица, а 70 беа ранети, презеде групата Исламска држава (ИД).
Џихадистичката групка соопшти дека нападот е одмазда за турската воена интервенција во Сирија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Чистка на Тошковски во МВР: Разрешени сите командири и началници во Штип и Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, бројот на притворени расте
-
Тема на денот со Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител
-
22 објекти имаат важечки лиценци во цела држава, утврдиле пазарните инспектори
-
Мирен собир во Струмица
-
Мирен собир на Градскиот плоштад во Скопје
-
Мирен собир во Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, расте бројот на притворени