Куртоа нема да брани за Белгија додека селектор е Тедеско
Тибо Куртоа објави дека нема да игра за националниот тим под водство на Доменико Тедеско.
Да потсетиме, во јуни минатата година настанаа несогласувања меѓу голманот и селекторот на репрезентацијата на Белгија, поради што Куртоа неочекувано го напушти тимот пред квалификацискиот натпревар со Естонија за ЕП 2024 година.
- Сакам да се обратам до Белгијците и до сите навивачи на нашиот тим. Многу сум горд што ја претставувам мојата земја на теренот. Сметам дека е голема чест да го носам репрезентативниот дрес. Дури и во моите најлуди соништа не можев да замислам да го носам повеќе од 100 пати. За жал, по разговор со селекторот и многу размислување, решив да не се враќам во белгиската репрезентација под негово водство. Го прифаќам мојот дел од одговорноста во ова прашање. Сепак, гледајќи напред, ќе кажам дека мојата недоверба кон него нема да придонесе за одржување на потребната атмосфера.
Федерацијата, со која исто така во неколку наврати разговарав за ова, го прифаќа мојот став и причините што ме доведоа до оваа болна, но логична одлука. Жалам што можеби разочарав некои навивачи, но убеден сум дека ова е најдобрата опција за репрезентацијата бидејќи ќе ја заврши дискусијата и ќе му овозможи на тимот да се фокусира на остварување на своите цели.
Ви благодарам за континуираната поддршка, љубов и разбирање“, напиша голманот на Реал Мадрид на социјалните мрежи.
Куртоа има 102 настапи за Белгија.
Ново на Сител
-
Трамп: Доаѓа златна доба за САД
-
Се подготвува нов Закон за судска служба
-
Фетаи: Јавната администрација е пренатрупана
-
Општина Охрид ќе награди пожарникари кои се бореа со пожарите
-
Прилеп конечно после години доби проект за нов театар
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер